Министерството за политички систем објави јавен повик за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, предводено од првиот потпретрседател на Владата и министер за политички ситем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, објави јавен повик за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации во земјава.

Груби преку статус на социјалните мрежи истакна дека за оваа намена се издвоени 20 милиони денари во форма на 33 непосредни грантови во вредност од 600.000 денари.

Груби воедно ги покани сите здруженија и фондации да ја разгледаат содржината на јавниот повик и да аплицираат во предвидениот рок до 17 ноември 2022 година.

„Го објавивме денес јавниот повик за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите во земјава за 2022 година, преку кој ќе доделиме вкупно 20 милиони денари во форма на 33 непосредни грантови од 600.000 денари за периодот на реализација на програмите / проектите до 30.06.2023 година.
Ги повикувам сите здруженија и фондации да ја разгледаат содржината на јавниот повик и да учествуваат со нивните проекти во утврдената временска рамка до 17.11.2022 година“, напиша Груби.
За повеќе информации околу условите за аплицирање, приоритетните и специфичните цели, критериумите за оценување, како и за превземање на формуларите за аплицирање кликнете на: https://mpsoz.gov.mk/mk/ 

ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...