Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во Општина Берово со градоначалникот Звонко Пекевски ќе ги образложат поедноставените постапки за поставување фотонапонски електроцентрали. Од општината најавија дека на информативен настан граѓаните ќе можат да ги добијат сите информации за измените на Законот за градење во делот на поставување фотоволтаици и да добијат одговор на сите прашања. Средбата, како што соопштија, се организира поради големиот интерес на граѓаните за проекти за фотоволтаици.