Министерот за Европа на Обединетото Кралство, Лео Докрти, денес ќе оствари еднодневна посета на Република Северна Македонија.
„Ми претставува задоволство што за прв пат како министер за Европа на Обединетото Кралство ќе ја посетам Северна Македонија“. Нашите земји се блиски партнери и НАТО сојузници, со трговски односи кои се во постојан пораст. Со нетрпение ја очекувам можноста да ја истакнам посветеноста на Обединетото Кралство на нашите односи, вклучувајќи ја поддршката за реформската агенда на Северна Македонија“, изјави пред посетата министерот Лео Докрти.