Милан Поповиќ изнесе детали за врската со Северина: „Ме уценуваше да бидам интимен со неа“

Милан Поповиќ гостуваше во „Новото утро“ одговарајќи на големите скокотливи прашања на Јелена Јеремиќ, кои дефинитивно не ги штедеше, а успеа да ги извлече сите детали од односот со Северина за што јавноста не беше упатена.

Поранешниот партнер на популарната пејачка откри како дошло до конфликт, како и тоа дека Северина го уценувала да биде интимен со неа:

Решив да се разведам од Северина после шест месеци, и кога решив да се разделеме, токму тогаш рече дека е во блажена состојба. Се одлучив дека морам да останам со неа бидејќи не сакав да ја прекине бременоста, јас сум против тоа, но сам за себе во главата одредив дека мораме да бидеме партнери во родителството, но како и секоја друга емотивна врска, барем од моја страна не можеше да биде“, рече Милан во „Новото утро“ и додаде:

„Додека Северина беше во блажена состојба, ние се гледавме, се дружевме, ја финансирав бременоста, бидејќи од мене бараше да ги компензирам сите трошоци кои ги имаше бидејќи таа не можеше да работи додека беше во блажена состојба“, вели Милан.

„Никогаш не живеевме заедно, се гледавме само за викенди, после три месеци почнаа расправиите. Јас ќе заминев пред да почне расправата, бидејќи не беше пријатно да се биде во таква врска. Во тие неколку пати Северина остана бремена“, додаде Поповиќ.

„Целата бременост ја одржував, буквално и` носев доручек, бев таму присутен и сакав со Северина да бидам партер во родителството. А потоа почнаа уцените ако не бидам интимен со неа, да спијам со неа, дека таа ќе ми брани да бидам родител, дека некои луѓе ќе ме посетат, некои заштитници“, раскажа Милан во еден здив, а потоа откри:

„Во јуни 2013 година имавме ситуација, кога и` зборував за оваа врска почна да полудува, бевме на Кипар. После три недели, и` предложив родителски план. Во Дубровник се сретнавме по пат и таа ми рече дека има милион евра кредит, и јас сакав да и` го вратам тој кредит, и да продолжам да плаќам 10.000 евра алиментација“, кажува Милан и открива дека се чувствувал изневерено од нејзина страна.

„Јас се заљубив во личност која глумеше. И понатаму се чувствувам измамено емотивно, како некој финансиски проект“, заклучи Поповиќ.

ПОСЛЕДНИ

Дресовите на Белингам се продаваат „како алва“, Реал трие раце

Шпанскиот гигант Реал Мадрид минатото лето го купи Џуд Белингам за 100 милиони евра, а Англичанецот е вистински хит од почетокот на сезоната.Англискиот репрезентативец...

„Тајм“ го избра Меси за спортист на годината

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е прогласен за спортист на годината во изборот на американскиот магазин „Тајм“.Лео Меси постигна 10 гола на седум...

Приведено уште едно лице бидејќи помагал на Палчо да транзитира низ Бугарија

Обвинителството потврдува дека вечерва е приведено уште едно лице лице бидејќи помагал на Палчо по извршеното убиство на 14 годишната Вања. „Обвинителството поднесе предлог за...

Пикси до Видиќ: И да сум заработил 16 милиони евра, па што?!

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси даде интервју за српски „Журнал“ во кое зборуваше за Немања Видиќ.Видиќ минатата недела кажа дека Пикси...