Милан започна преговори со агентот на Рафаел Леао за продолжување на соработката, пренесуваат италијанските медиуми.

23-годишниот Португалец пристигна на Сан Сиро пред две години, а оваа сезона буквално „експлодира“ и беше избран за МВП на сезоната во Серија А.

Леоа го привлече вниманието на многу европски гиганти, па Милан сака брзо да реагира и веќе започна преговори за нов договор.

Милан сака да го „блиндира“ со нов договор и му понудил четири пати поголема плата и откупна клаузула од 200 милиони евра.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека преговорите се во напредна фаза и дека Милан му понудил 6,5 милиони евра по сезона до 2027 година, со што Леао ќе стане најплатен фудбалер меѓу „росонерите“.

Коментари