Рот ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски, а треба да има средби и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Како што најавија од собраниската прес-служба, Рот ќе има средба и со претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а ќе се сретне и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски.
Михаел Рот пред да биде избран за пратеник во Бундестагот ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското МНР.