
Лионел Меси важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и не постои клуб кој не би го сакал во своите редови.




Бившиот англиски фудбалер, Дени Милс кој моментално работи како стручен коментатор даде неверојатна изјава и смета дека Меси не би можел да игра во Топ 6 клубовите од Премиер лигата.




„Меси сега да дојде во Премиер лигата? Веројатно не. Во Сити сигурно не би играл, во Ливерпул исто така. Мислам дека не може да игра и во Тотенхем. Сметам дека Меси во моментов не е за во првите шест тимови од Премиер лигата“ изјави Милс.




Меси минатата сезона во ПСЖ ја одигра под својот просек, но има уште една година од договорот со францускиот клуб.