Oд кога Хари Мегваер се пресели на клупата за резерви на Манчестер Јунајтед почна да му оди подобро и да бележи добри резултати, но и покрај тоа дефанзивецот остана стартер во репрезентацијата.

Со него во тимот Англија запиша пораз од Италија и така испадна во Б-дивизијата како последна репрезентација во групата.

После натпреварот Мегваер зборуваше за неговиот старт на сезоната.

„Кога во прашање е мојата форма, не знам што се зборува за мене, не читам. Одиграв три добри натпревари за репрезентација и имав добра предсезона, чувствував дека ми оди одлично. Но, очигледно менаџерот Тен Хаг одлучи да ме стави на клупата откако екипата почна да победува и не сака да го менува тимот“, изјави Мегваер.

Рафаел Варан и Лисандро Мартинез станаа прв тандем стопери во срцето на одбраната и како што стојат работите Мегваер ќе почека за својата шанса.

Коментари