Со најава за концертен настап во Скопје на една од најголемите и најпопуларните ѕвезди на Балканот, српската пејачка Јелена Карлеуша, со целовечерен концерт на 23 декември во „Wedding House“ во Скопје.
Јелена Карлеуша е поп дива со повеќедецениска кариера подолга од 26 години. Своите почетоци ги започна во далечната 1995 година со нејзиниот прв јавен настап со песната „ Огледалце“ на само 16 години.
Во 2002 година, таа постигна дополнителни успеси во соработката со грчката издавачка куќа Heaven Music и издавањето на нејзиониот албум „ Samo za tvoje oči“.
По успехот на нејзините последователни изданија, „Magija“ (2005) и „JK Revolution “(2008), во мај 2010 година, Карлеуша одржа концерт во белградската арена, насловен како „All About Diva Show“, пред околу 15.000 фанови.
Нејзиниот десетти електропоп-ориентиран албум „ Diva“ беше издаден во 2012 година. Тој беше промовиран со „Viva La Diva Show“ во белградскиот парк во јуни 2013 година, каде присуствуваа над 40.000 луѓе.
Од 2015 до 2021 година, Карлеуша во јавноста се појави и како судија и ментор на популарниот телевизиско шоу Звезде Гранда.
Карлеуша има огромен број на следбеници на социјалните мрежи, со што е втора најследена личност од Србија на Инстаграм.
View this post on Instagram
Денес, Карлеуша важи за една од најекстравагантните поп диви која покрај во музиката е и најголема модна икона на српските простори.
View this post on Instagram