Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека резултатите од референдумот во Донбас, Запорожје и Керсон се сосема очигледни и им посака добредојде на жителите од овие региони во Русија.

„Референдумите завршија. Резултатите се јасни. Добредојдовте дома, во Русија“, напиша Медведев на „Телеграм“.

Според последните податоци по пребројувањето на сите гласови, припојувањето на Херсон кон Русија го поддржале 87,05 отсто од гласачите, објави изборната комисија.

Изборната комисија на Луганската народна република по пребројувањето на сите гласови соопшти дека 98,42 отсто го поддржале приклучувањето кон Русија.

Во регионот Запорожје, 93,11 отсто од граѓаните го поддржале приклучувањето кон Русија,пренесуваат медиумите.