Киев тврди дека руските сили го гранатираат тоа подрачје, иако најголемата нуклеарна централа во Европа е под руска контрола од март.
„Тие (Киев и сојузниците) велат дека руските сили ја напаѓаат централата. Тоа е 100 отсто бесмислено, дури и за глупавата русофобна јавност“, напиша на Телеграм Медведев, заменик претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација.
„Велат дека тоа може да се случи сосема случајно: Не го сакавме тоа. Што да се каже на тоа: Не заборавете дека и Европската Унија има нуклеарни централи. И таму може да се случат несреќи“, порача Медедев.
Киев и Обединетите нации повикаа на демилитаризација на таа област, додека Г7 повика Русија да ѝ ја врати таа територија на Украина. Претседателот на одборот за надворешни работи на рускиот парламент Дума Леонид Слутскиј кажа дека идејата за враќање на централата на Украина е „смешна дури и од безбедносен аспект“.
„Сите изјави на министрите за надворешни работи на Г7 во прилог на нивните барања не се ништо друго освен спонзорирање нуклеарен тероризам“, напиша тој.