Грижите за безбедноста на најголемата нуклеарка во Европа се зголемија откако објектот  во изминатите недели беше цел на чести гранатирања, за што Русија и Украина меѓусебно се обвинуваа.

„Мораме да ги заштитиме безбедноста и сигурноста на најголемата нуклеарна централа во Украина и Европа“, изјави директорот на Меѓународната агенција , Рафаел Гроси.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски откри дека Европа била на чекор до нуклеарна катастрофа во четвртокот, откако централата на кратко била исклучена од украинската електрична мрежа, при што се вклучиле резервните генератори.