
Килијан Мбапе одигра одлично за француската репрезентација синоќа на мечот против Австрија.




После мечот Мбапе го пофали селекторот Дидие Дешамп и изјави дека во репрезентацијата има поголема слобода во играта отколку во ПСЖ.




Мбапе со тоа упати и критики за стратегот на ПСЖ, Кристоф Галтие, за претераната дисциплина во играта што ја бара од него.




„Играм поинаку за Франција во однос на ПСЖ и можам да кажам дека ми е многу полесно кога сум на теренот со репрезентацијата. Го имаме Жиру како класична деветка околу која се гради одбраната, а јас имам слобода и можам да се движам. Тоа воопшто не е случај во ПСЖ, каде што треба да бидам „деветка“ и тоа е тоа. Нема слобода во играта и нема можност за експериментирање во ПСЖ“, изјави Мбапе.