Утринава околу шест часот хрватската полиција добила дојава дека едно лице е рането од огнено оружје во Колањски Гајец на Паг, во месноста Катарелац.
Станува збор за една од плажите покрај популарниот Зрќе.
На местото на инцидентот биле испратени полициски службеници, а набрзо во полициските простории било приведено лице поврзано со наведениот настан.
Ранетиот починал во возилото на брзата помош на пат кон болница.
На местото на инцидентот се води истрага, како и кривична истрага за да се утврдат сите факти и околности на настанот,пренесе Блиц.рс.