Или исполнување на барањата и повеќе пари на сметка или од 1 септември матичните ќе ги затворат ординациите на неодредено време. Последен крик на лекарите од примарното здравство, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова во изјава за Сител, упатувајќи апел до здравствените власти да не дозволат пациентите да останат без нивните доктори.

-Приватното примарно здравство можам да кажам го упатува последниот крик за излез од овие проблеми. Доколку ништо не се реши, според барањата на колегите на 1 септември најверојатно една недела нема да работат ординациите се до исполнување на нашите барања. Колеги до Управен постојано пишуваат како може оние од матичните книги за евиденција да не работат и постигнаа договор, наставниците не работеа и постигнаа договор, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

Дервишова вели дека не сакаат на овој начин да прават притисок за решавање на работите, но ќе немаат друг избор бидејќи работите со месеци тапкаат во место. Ниту преговараат работните групи, а со ребалансот на буџетот нема дополнителни финасии за примарниот здравствен сектор.