Маж со јаболко на главата изведе перформанс пред Клубот на пратеници каде се одржува средбата на партиските работни групи за европскиот предлог.

Со звучник покрај себеси, човекот започна со смешни потези да танцува на песната „Ода на радоста“.

Политичките партии се состанаа за разгледување на последниот француски предлог чие евентуално прифаќање би значело тргање на бугарското вето за почеток на преговори на земјата со Европската унија.

Во состав на оваа група се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, пратениците Антонио Милошоски и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми, Елми Азири од Алијанса на Албанците и пратеникот Павле Трајанов, како претставник на ЛДП, ДОМ и ДС.