Започна скринингот со Европската Унија, но што значи тој процес во Студио 10 на ТВ24 објаснува вицепремиерот за евроинтерграции Бојан Маричиќ.

– Признавањето на претходниот скрининг ќе значи наше побрзо завршување на преговорите, вели Маричиќ.

Спак, останува проблемот со внесувањето на Бугарите как малцинство во Уставот.

– Ние подадовме рака опозицијата да има пристап до процесот на преговориите и опозицијата да има улога. Во тек на скринингот ќе треба да определиме за колку време можеме да постигнеме одредени резултати а за тоа е битно Собранието во кое учествува и опозицијата. Има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се согласуваат Бугарите да бидат внесени во Уставот. Ние имаме консензус за влез во ЕУ. Оттука, не е фер кон граѓаните да се блокираме самите себе, вели Маричиќ за СТУДИО 10.

Во однос на историските прашања со Бугарија добиваме различни пораки од владите на двете земји. Македонската влада вели дека историските прашања не се дел од преговарачката рамка, но од бугарска страна добиваме информации дека тоа е услов за влез во ЕУ.

– Услов за влез во ЕУ се добрососедските односи. Но, во преговарчката рамка не е наведено ниедно историко прашање како репер според кој ЕУ ќе нѐ цени и ќе вади бенчмаркови, оти тоа не е дел од правила на ЕУ. Тие прашања од протоколот ќе ги решаваме билатерлно со Бугарија, вели вицепремиерот за евроинтеграции.

Маричиќ додава дека во Протоколот се многу добро наведени обрските што ги имаат двете земји. ЕУ вади репери само од она што е европско право, а не од билатералните договори.

Последната анкета на Фондацијата „Конрад Аденауер“ покажува прилично гголемо нерасположение на јавното мислење во Македонија кон Бугарија. За ова Маричиќ вели дека е очекувано со оглед на тоа што во последните две години паднаа многу тешки зборови додека траеше блокадата од страна на Бугарија.