„Свирежите против македонскиот јазик за време на „Мировниот фестивал“ на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, не го иницираа политички субјекти, изјави вицепремиерот за евроинтеграции на Република Северна Македонија, Бојан Маричиќ.
Организатор на фестивалот во чест одбележување на 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор беше Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, а дел од присутните свиреа кога водителката зборуваше на македонски јазик.
„Провокации и обиди за дестабилизација имало и ќе има, но за разлика од пред пет години, денес тие не се ниту иницирани, ниту испровоцирани, ниту поддржани од која било власт. Секако, дека се движиме кон ЕУ, разумно, цврсто, со почитување на нашите разлики и во договор со сограѓаните, пријателите, соборците, припадниците на сите етникуми во нашата земја, дека нашиот пат напред е еден и заеднички. Со взаемна поддршка ќе ги надминеме сите предизвици на овој пат, амбициозно и без запирање кон постигнување на полноправно членство во Европската Унија, се вели во објаснувањето на Маричиќ за ДВ.