Манчестер Јунајтед продолжува со добрите партии во предсезоната и оствари нова победа, овој пат над Кристал Палас. (3:1)
За „црвените ѓаволи“ тоа беше трета последователенна победа летово, откако веќе ги победија Ливерпул (4:0) и Мелбурн Виктори (4:1).
Стрелци на головите беа Марсијал, кој одигра одлично, Санчо и Рашфорд, а „црвените ѓаволи“ генерално оставија одличен впечаток.
Меѓутоа, фановите со свирежи и пцовки го испратија капитенот Хари Мегваер, кој никогаш не ги оправда очекувањата во Манчестер Јунајтед.
What a Goal by @MarcusRashford (2-0) Great build-up 👟🤌🏾💫 #MUTOUR22 pic.twitter.com/BLAUuOIlpZ
— YB🧘🏾♂️ 🇨🇲🎧💫 (@YB00237) July 19, 2022