Францускиот претседател Емануел Макрон од говорницата на Генералното собрание на ОН ја обвини Русија за „враќање на империјализмот” поради нејзината инвазија на Украина која започна на крајот на февруари.
„Она на што сме сведоци од 24 февруари е враќање на ерата на империјализмот и колониите. Франција го одбива тоа и упорно ќе бара мир”, рече Макрон во говорот на генералната дебата на Генералното собрание на ОН.
„Кој е денес хегемонист ако не Русија”, додаде Макрон, оценувајќи дека „оние кои молчат за таа инвазија му служат на овој нов империјализам со одредено соучесништво и тоа претставува модерен цинизам кој го загрозува меѓународниот поредок, без кој мирот не е можен”.
Пред да разговара со новинарите во Њујорк, Макрон најавата за одржување референдум за припојување на четири украински региони кон Русија ја нарече пародија.
Францускиот претседател додаде дека најавата за организирање референдум претставува дополнителна провокација и цинизам.
Проруските власти во четири регио