Македонија до 2050 година ќе загуби речсии 11 отсто од сегашниот број жители, доколку продолжи актуелниот тренд на намалување на населението, објави порталот Visual Capitalist, повикувајќи се на податоци од Обединетите нации и Светска банка.
Македонија е 18-та на листата од 20 земји со најголем проектиран пад на населението во следните децении.
Според податоците населението во земјава, ќе се намали за дополнителни 10,9 отсто, односно во Македонија ќе живеат близу 200.000 луѓе помалку од денес.