Мадона ќе го прослави својот роденден на 16 август, а викендов, три дена пред големиот ден, им се обрати на пријателите и фановите со порака да ѝ испраќаат подароци.
Поп-кралицата, која во вторник ќе наполни 64 години, на Инстаграм-стори сподели неколку фотографии и напиша: „Наскоро ми е роденден… Испратете ми подароци!“
Хитмејкерката изгледа речиси подеднакво младешки на објавите како кога за првпат започна со музичкиот бизнис.
Ѕвездата на Blonde Ambition на себе има сет црна долна облека – килоти од ликра и градник од тантела – во комбинација со проѕирен топ со ситни точки, чорапи до колена и салонки.