Иако е позната по тоа што се обидува да го држи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, една од најпознатите турски актерки, на домашните гледачи попозната како Султанија Хурем од серијата „Сулејман Величествениот“, често сака да прикажува нежни сцени со нејзините ќерки.

Мерјем Узерли овој пат во своите приказни на Инстаграм објави фотографија на која може да се види како таа и нејзините девојчиња уживаат во кревет со кученце. Се претпоставува дека ги направил таткото на помладата Лили Кои (ја родила во јануари 2021 година), за која актерката се уште не открила кој е, а се шпекулира дека се работи за актерот Чаглар Ертугрул, со кој е во врска подолго време.

Узерли привремено го напушти актерството откако серијата „Сулејман Величествениот“ и донесе голема популарност како 28-годишна. Имено, таа не можеше да го поднесе товарот на славата и тоа што луѓето премногу ја поистоветуваа со Хурем, што доведе до тоа да биде навредувана на улица. Пред неколку години се бореше со депресија која успешно ја надмина. Сега таа му се врати на актерството, а почна и да се занимава со манекенство.

Инаку, актерката живее во Германија, во близина на родителите и опкружена со блиски пријатели, кои и пружаат голема поддршка.