Интер и Челзи постигнаа комплетен договор за враќање на Ромелу Лукаку на „Џузепе Меаца“, потврди „Скај Италија“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба постигнале договор и Интер ќе плати 8 милиони евра плус 4 милиони како бонуси и додатни 3 милиони евра ако го освои Скудетото.

Лукаку попладнево ќе пристигне во Милано, а утре ќе ги обави редовните лекарски прегледи и ќе го комплетира трансферот во Интер.

Лукаку после лошата сезона на „Стенфорд Бриџ“ и недоразбирањата со тренерот Тухел инсистираше да се врати во Интер, а Челзи се согласи да го пушти на позајмица.

Коментари