Селекторот на Шпанија, Луис Енрике ја презеде вината за раната елиминација на „црвената фурија“ на Мундијалот.


Енрике лажеше? Шпанија го избра Мароко – 17 ден ↓↓↓


Шпанија беше елиминирана во осминафиналето од Мароко, после изведување на пенали.

„Пеналите скапо не чинеа. Жал ми е за тие што не играа. Одговорноста е моја бидејќи ги избрав првите тројца изведувачи, играчите одлучија за другите. Не стигнавме ниту до четвртиот. Боно беше одличен во пеналите. Честитки за Мароко за победата. Жал ми е за навивачите кои не поддржаа“, изјави Енрике.

„Би останал селектор до крајот на животот, но тоа не зависи само од мене. Следната недела ќе зборувам со претседателот на федерацијата“, додаде Енрике.