
Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен се повреди и предвреме го заврши мечот со Ливерпул во Лигата на шампиони.




Деталните прегледи покажаа дека Осимен има повреда на задната ложа од втор степен и ќе паузира околу еден месец.




Тоа значи дека Осимен сигурно ќе го пропушти дербито со Милан следната недела, како и мечот во Лигата на шампиони против Ренџерс.




Добро е што потоа следува репрезентативна пауза, па Осимен може да се врати на почетокот на октомври.