Ѕвездата на Интер, Ромелу Лукаку се повреди и нема да биде на располагање за дербито со Милан, пренесува „Газета дело Спорт“.
Голгетерот кој летово се врати од Челзи, се здобил со мускулна повреда, па утре ќе оди на дополнителни прегледи за да се знае колку долго ќе отсуствува од терените.
Со сигурност Лукаку ќе ги пропушти дуелите со Кремонезе во вторник и дербито со Милан во сабота.
Во Интер се надеваат дека Лукаку ќе може да се опорави за мечот со Баерн Минхен во Лигата на шампиони, кој се игра на 7 септември на „Сан Сиро“.