Oва лето Диего Карлос пристигна од Севиља во Астон Вила како големо засилување, но се повреди уште на стартот од сезоната.

Во натпреварот против Евертон, Карлос ја скина ахиловата тетива и ќе мора да паузира. Од клубот информираа дека тој ќе мора да оди на операција поради која може да отсуства од терените и девет месеци.

Ова значи дека за него веројатно сезоната е завршена, па Астон Вила иако очекуваше тој да биде големо засилување можеби ќе побара ново решение во финишот од преодниот рок.

Коментари