За личниот автомобил што покојната принцеза Дaјана го користела во периодот од 1985 до 1988 година, анонимен купувач платил вкупно 737.000 фунти на аукција одржана викендов недалеку од Лондон.

По наддавањето од купувачи од Дубаи и САД, „Ford Escort RS Turbo“ од 1985 година изгледа дека сепак ќе остане во земјата на своето потекло, бидејќи се знае дека анонимен купувач е од регионот на Манчестер.

Почетната цена на автомобилот беше 100.000 фунти и на крајот беше продаден за 650.000 фунти, вклучувајќи различни дополнителни трошоци и ДДВ.

Profimedia
Фото: Профимедиа

Автомобилот беше врвот на аукциската продажба организирана од „Silverstone Auctions“. Аукцијата се одржа на познатата тркачка патека Силверстоун, која се наоѓа на 120 километри северозападно од Лондон.

Станува збор за спортска верзија на автомобил Форд популарен во осумдесеттите години на минатиот век, кој има 130 коњски сили. Слични примери на ист модел на автомобил со помалку славна историја може да се најдат во огласите за околу 10.000 фунти.

Според „Silverstone Auctions“, Дијана сама го возела овој автомобил додека возела низ улиците на Лондон, иако постојано била придружувана од обезбедување.

Автомобилот е во одлична состојба, црна боја и има поминато само 40.000км. Автомобилот, меѓу другото, го користел и принцот Вилијам, втор по ред за тронот.

Аукцијата се одржа четири дена пред 25-годишнината од смртта на принцезата. Дајана загина на 36- годишна возраст во сообраќајна несреќа во Париз.