Иако Барселона во првото полувреме беше подобра и имаше повеќе шанси, сепак на стартот на вториот дел Баерн доаѓа до сигурно водство.

Левандовски во првото полувреме имаше две чисти шанси, но не успеа да го совлада Мануел Ноер, а тоа го казнија Баварците.

Најпрво Хернандес го донесе Баерн во водство после еден корнер во 51-та минута, а само три минути подоцна Сане зголеми  на 2:0.