Полска и Мексико одиграа реми без голови, а трагичар на мечот беше Роберт Левандовски.


Last Dance за Модриќ, Зошто ja отпишувате Германија? -4 ден ↓↓↓


Најголемата ѕвезда на Полјаците, Левандовски не успеа да постигне гол од пенал во 58-та минута.

Полска ја имаше првата шанса на мечот во 7-та минута преку Левандовски, а потоа Мексико ја презеде иницијативата. Галјардо и Вега имаа две добри шанси, но мрежите мируваа.

На стартот на вториот дел веднаш почнаа возбудувањата, откако судијата со помош на ВАР досуди пенал за Полска. Меѓутоа, Левандовски не успеа да го совлада фантастичниот Очоа.

Тоа на крајот се покажа и како клучен момент на мечот. До крајот Мексико и Полска создадоа уште по една шанса, но мрежите мируваа.