
Еден од најзвучните трансфери ова лето е секако оној на Роберт Левандовски од Баерн Минхен во Барселона.
После долгата сага, Левандовски успеа да издејствува трансфер во Барселона, а Каталонците за неговиот потпис платија 50 милиони евра.
Реал во минатото во неколку наврати се обиде да го купи, а тоа сега го потврди Левандовски, кој откри дека имал состаноци со Флорентино Перез.
„Вистина е дека имав состаноци со Перез неколку пати. Еднаш тоа се случи по натпревар кој го играв против Реал Мадрид. Но, за што разговаравме не можам да ви кажам“, откри Левандовски.