
Новиот напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски уште еднаш изрази уверување дека тимот ќе освои титули и покрај тешкиот старт во Примера против Рајо Ваљекано.
„Мислам дека беше доволно време Барса да биде без трофеј. Сигурен сум дека ќе освоиме неколку сезонава“, изјави полскиот напаѓач.
„Кога првпат дознав дека Барселона е заинтересирана да ме донесе во тимот, веднаш помислив дека ова е совршен момент и за мене и за клубот“, смета Левандовски.
„Не сакав цела кариера да ја играм само во една лига. Во Бундеслигата се беше совршено за мене, стекнав непроценливо искуство, но знаев и дека заминувањето во Ла Лига ќе биде чекор напред за мене“, заклучи Левандовски.