Роберт Левандовски се врати во Минхен и ќе се приклучи на подготовките на Баерн за новата сезона, иако инсистира да ја промени средината ова лето.

Напаѓачот добил бројни закани на социјалните мрежи, меѓу кои и смртни, пренесоа полските медиуми.

Според полските медиуми, тоа е причината поради која фудбалерот се вратил сам во Германија, а не со семејството.

Полјакот до сега беше на одмор со сопругата Ана и нивните две ќерки, но поради упатените закани беше одлучено само играчот да отпатува назад во Германија.

Левандовски ќе ги започне подготовките со Баерн, но е разочаран од односот на клубот кон него и инсистира да се пресели во Барселона.