Манчестер јунајтед славеше со 3-0 против Евертон и скокна до шестото место во Премиерлигата, односно има шест бодови помалку од лидерот Арсенал.

Тренерот Ерик Тен Хаг по победата ги пофали своите избраници, а посебно капитенот Бруно Фернандеш кој му го отстапи пеналот на Маркус Рашфорд.


Три дерби натпревари овој викенд
↓↓↓


Тен Хаг кажа дека Фернандеш направил одличен потег, но оваа изјава не му се допадна на легендарниот Рој Кин.

„Тоа што го вели Тен Хаг нема никава врска. Тен Хаг зборува глупости. Манчестер јунајтед сега е шести во Премиерлигата, а тоа пред неколку години беше срамота“, вели Кин.