Демократската унија за интеграција одлучи во нов дух да ги одбележи државните достигнувања, собирајќи ја новата генерација на големиот музички концерт што ќе се одржи денеска на плоштадот „Илирија“ во Тетово со почеток во 20 часот.

Вечерва пред жителите на Тетово и граѓаните на целата земја ќе настапат ѕвездите од албанската музичка естрада: Ледри, Дафина Зеќири, Барди, Леотрим Зејнулах и диџеј Young B, кои ќе се погрижат да направат незаборавна празнична атмосфера.

ДУИ во оваа прилика ги поканува сите граѓани на Тетово и целата држава денеска да се приклучат на големата прослава на еднаквоста, членството во НАТО, почетокот на разговорите со ЕУ, инвестициите од 130 милиони евра со 900 нови работни места и сите постигнати добри работи, како резултат на заедничката заложба во 21-годишниот период од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.