Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не го криеше задоволството од комплетирањето на трансферот на Роберт Левандовски.

Барселона за услугите на Левандовски плати 45 милиони евра, додека останатите пет милиони ќе ги исплатат преку различни бонуси.

Лапорта откри дека Полјакот имал и подобри понуди, но тој ја избрал Барселона.

„Мора да бидеме благодарни за неговиот избор, со оглед на тоа дека ја прифати нашата понуда, иако Челзи и ПСЖ му нудеа повеќе пари“, откри Лапорта.

„Во исто време го принуди Баерн да го пушти во Барселона. Левандовски е како митралез за голови. Добивме врвен голгетер“, додаде Лапорта.