Тој додаде дека апликацијата на Косово за членство е одговор на самитот во Солун во 2003 година и покана од овогодинешниот самит во Тирана.

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека неделава ќе поднесе барање за членство на Косово во Европската унија, објави РТК на српски јазик.

„Европската Унија е место на мир и нашата земја има природно место во оваа куќа“,рече Курти.

Тој додаде дека апликацијата на Косово за членство е одговор на самитот во Солун во 2003 година и покана од овогодинешниот самит во Тирана.

„Пред една недела, на самитот во Тирана, во заедничка изјава ЕУ повика на забрзан процес за членство. Затоа, нашата апликација е одговор на ветувањето што ЕУ му го даде на регионот за членство од Самитот во Солун во 2003 година, но и директен одговор на поканата од Самитот во Тирана“,

додаде Курти.

Тој посочи дека Косово било подобро подготвено во споредба со другите земји кога тие се пријавиле.„Косово има природно место во ЕУ како мирна и демократска земја“,нагласи Курти.