Косовскиот премиер Албин Курти ги повика инвеститорите да учествуваат на соларната аукција.Преку објава на социјалната мрежа Твитер Курти напиша дека неговата влада гарантира фер и транспарентен процес.

„Ги покануваме инвеститорите на првата аукција на соларни ФВ на Косово, 100 MW, која ја започнавме со поддршка на УСАИД. Нашата влада гарантира фер и транспарентен процес, како и атрактивни критериуми, вклучително јавно земјиште со 15 години гарантирано, 30-годишен закуп и поврзување со блиската мрежа“, напиша Курти на Твитер.