Косовскиот премиер Аљбин Курти во интервју за Си-ен-ен изјави дека не е исклучена можноста конфликтот во Украина да се одрази на Западниот Балкан.

Курти потсети дека косовските безбедносни сили минатата година, со 330 војници, учествуваа во Бранител-Европа 21. Премиерот на Косово кажа дека тоа бил „најголемиот потфат на НАТО во последните неколку децении“.

„Ние бевме еден од 16 домаќини. Исто така, се радуваме што ќе учествуваме и во Бранител-Европа 23 за да покажеме дека сме во согласност со демократскиот Запад. Исто така, ако Белград и Кремљ сакаат нешто да ни направат, двапати нека размислат“, кажа Курти за Си-ен-ен.

Тој кажа дека на српската премиерка Ана Брнабиќ ѝ дозволил да го посети Косово и дека се надева дека таа за време на посетата видела дека „Косово е нормална земја со повеќе демократија од Србија“.