Крвавa Ноќ на вештерките: Напаѓачите отворија оган врз толпата во Чикаго, ранети се најмалку 14 лица, меѓу кои и деца

Во текот на ноќата во Чикаго било пукано во толпа народ кои биле собрани по повод Ноќта на вештерките, при што се повредни најмалку 14 лица, меѓу кои најмалку три се деца. .

Полицијата во Чикаго потврди дека меѓу повредените има три деца на возраст од 3, 11 и 13 години, пренесува Fox News.

Покрај повредените во престрелката, властите соопштија дека едно лице било удрено од автомобил. Некои од повредените се во критична состојба.

Шефот на полицијата во Чикаго, Дејвид Браун, рече дека снимките од надзорните камери покажале најмалку еден автомобил и дека се верува дека двајца пукачи отвориле оган врз група луѓе кои стоеле на раскрсницата.

Полицијата соопшти дека нападот со автомобил траел само неколку секунди и дека пукачите случајно пукале во толпата.

Засега никој не е уапсен, а не е јасен мотивот за нападот.

 

ПОСЛЕДНИ

Дресовите на Белингам се продаваат „како алва“, Реал трие раце

Шпанскиот гигант Реал Мадрид минатото лето го купи Џуд Белингам за 100 милиони евра, а Англичанецот е вистински хит од почетокот на сезоната.Англискиот репрезентативец...

„Тајм“ го избра Меси за спортист на годината

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е прогласен за спортист на годината во изборот на американскиот магазин „Тајм“.Лео Меси постигна 10 гола на седум...

Приведено уште едно лице бидејќи помагал на Палчо да транзитира низ Бугарија

Обвинителството потврдува дека вечерва е приведено уште едно лице лице бидејќи помагал на Палчо по извршеното убиство на 14 годишната Вања. „Обвинителството поднесе предлог за...

Пикси до Видиќ: И да сум заработил 16 милиони евра, па што?!

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси даде интервју за српски „Журнал“ во кое зборуваше за Немања Видиќ.Видиќ минатата недела кажа дека Пикси...