Во претходниот период многу се пишуваше за можното заминување на младата ѕвезда на Барселона, Педри.

Низ медиумите се појави информација дека поради лошата финансиска состојба Барселона ќе го продаде својот 19-годишник иако станува збор за голем потенцијал. Педри се поврзуваше со Јунајтед и Ливерпул.

Сепак, денес се е решено и играчот за врска и наредната сезона ќе го носи дресот на Барселона и тоа оној со бројот осум.

После заминувањето на Дани Алвес „осмизата“ остана слобода, а Педри тоа го искористи да ја замени со „16-ката“ која ја носеше во минатата сезона.

Коментари