Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните 24 часа се регистрирани 108 нови случаи на ковид-19 од направени 723 тестови, период за кој не се пријавени смртни случаи.
Од вкупниот број на нови случаи, во Скопје се потврдени 75, во Битола – седум, во Куманово – шест, во Прилеп и во Кавадарци – по четири, во Струмица – три, во Тетово, во Гостивар и во Охрид – по два, во Велес, во Штип и во Гевгелија – по еден. Дваесет и девет меѓу нив се реинфекции.
Регистрирани сe и 88 оздравени пациенти од Скопје – 79, од Битола – пет, од Прилеп двајца 2, од Пробиштип и од Богданци – по еден.
Во текот на изминатите 24 часа, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.075.632 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.360, бројот на оздравени пациенти е 303.498, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 540.