Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши присуствуваа на почетокот со работа на 17 мегавати соларна електрана, кумулативно најголемата фотоволтаична електрана во Македонија, лоцирана во Свети Николе, Амзабегово.
Словенечката компанија ГЕН-И, рече Ковачевслки, платила 2,7 милиони евра во државниот буџет преку концептот на иновативно партнерство, а за возврат државата дала државно земјиште на користење од 50 години. Централата е поврзана на мрежата четири месеци пред предвидениот рок
– Оваа централа е поголема од сите централи во Словенија, затоа што Македонија е земја на сонцето и ова е начинот на кој треба да се интеревенира, а ќе се отвораат и работни места. За оваа електрана државата исплати 250 евра, а беа уплатени 2,7 милиони евра во државниот буџет, рече Ковачевски.
25 мегаватчасови годишно сликовито ќе значат електрична енергија за 5.500 македонски домаќинства. Изградбата започнала минатата година,а струјата веќе се доставува во мрежата.
Министерот Бектеши рече дека во мрежата годинава се приклучени фотонапонски централи со вкушна моќност од 67,5 мегавати. До крајот на годината треба да се обезбедуваат 150 мегавати од соларни централи, без инвестициите во Осломеј
– Од мај до октомври нашата потрошувачка ќе ја покриваат само инвестициите од обновливи извори, тврди Бектеши.