Ова е првиот Самит на ЕУ што се организира во регионот на Западен Балкан и тоа во Албанија, што, како што посочуваат од Владата, уште повеќе ја зголемува неговата важност и значење.
Премиерот Димитар Ковачевски утринава во Тирана беше пречекан од премиерот на Албанија, Еди Рама, каде што денеска се одржува Самитот на ЕУ и Западен Балкан.

Ова е првиот Самит на ЕУ што се организира во регионот на Западен Балкан и тоа во Албанија, што, како што посочуваат од Владата, уште повеќе ја зголемува неговата важност и значење.

Лидерите од Западен Балкан денеска ќе имаат можност да дискутираат за европската иднина на целиот регион заедно со европските челници, меѓу кои, претседателот на Советот на Европа Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и шефовите на европските држави.
На денешниот Самит во Тирана телекомуникациските оператори од земјите од Европската Унија и Западен Балкан треба да потпишат декларација со која ќе се овозможи намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот во 2023 година.