Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски сепак нема да оди во Украина со албанскиот премиер Еди Рама и  нивниот црногорски колега Дритан Абазовиќ.

„Поканата се однесува на период кој во агендата на премиерот е исклучително интензивен и поради неможност истата да се измени, за жал не бевме во можност позитивно да одговориме“, велат од Владата.

Како што дополнуваат, нашата поддршка за Украина и храбриот украински народ е недвосмислена и безрезервна.

„Благодарни сме на поканата за посета за која веруваме дека наскоро ќе биде реализирана“, велат оттаму.

Претходно црногорскиот весник „Вијести“ објави дека премиерите на Северна Македонија и на Албанија ја прифатиle идејата на Дритан Абазовиќ заеднички да го посетат главниот град на Украина, Киев.