Ковачевски и Бектеши очекуваат сите пратеници да ги поддржат законските измени за спроведување на антикризните мерки

Од идниот месец пензионерите може да ја очекуваат најновата владина поддршка доколку Собранието ги изгласа потребните законски измени, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски.

И Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши очекуваат дека сите пратеници ќе бидат на ниво на задачата и ќе ги усвојат измените што ќе овозможат помош за пензиоенрите и за ранливите категории граѓани, но и реализирање на сите останати мерки за справување со енергетската  и ценовната криза.

-Очекувам и верувам дека сите пратеници ќе бидат на ниво на задачата и ќе ги усвојат измените што значат помош за пензиоенрите и ранливите категории граѓани. За Левица не можам да потврдам, не сум сигурен, зашто ним соседните земји и ЕУ не им се партнери, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која соопшти дека е усвоен нов пакет мерки тежок преку 350 милиони евра.

И Бектеши очекува пратениците да дадат поддршка на законите за справување со кризата.

– Моите очекувања се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и сите други пратеници наредната недела да ги изгласаат сите закони за справување со кризата зашто законите се во интерес на граѓаните – да не се зголеми цената на водата, струјата и на топлинската енергија, подвлече Бектеши. 

ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...