Премиерот Димитар Ковачевски уште еднаш го повтори ветувањето дека храна, парно и струја ќе има за секое семејство.

Според него, Владата се фокусирала на инвестиции во енергетскиот сектор, за полесно да се соочи со енергетската криза.

„Ветив и ќе го исполниме ова ветување, дека ќе има храна, струја и парно за секое семејство. Владата е фокусирана на инвестиции во енергетскиот сектор. Го зголемивме производството на електрична енергија за да ги задоволиме потребите на потрошувачите“, изјави Ковачевски.