
Eкипата на Барселона се најде во големи проблеми во репрезентативната пауза.
Каталонскиот гигант за неполни 24 часа се соочи со повреди на петмина фудбалери и лесно може да е случи да останат без нив за предизвиците кои им следат. Двајцата Французи се повреди против Австрија. Жил Кунде како што стојат работите ќе паузира три недели, додека повредата на Дембеле е од полесна природа.




Натпреварот помеѓу Холандија и Полска исто така донесе лоши вести за Чави. Се повредија Мемфис Депај и Френки Де Јонг.




Тие ќе ја напуштат репрезентацијата и ќе се вратат во Барселона, засега не е познато од каква природа се нивните повреди.




И кога Каталонците помислија дека не може полошо следуваше повредата на Араухо. Oдличниот стопер се повреди после само 40 скунди од натпреварот. Така Барселона остана без петмина во 24 часа…



