Коридорот 8 конечно влезе во европските коридори за Западен Балкан и Источен Медитеран како дел од главната линија на главните трансевропски коридори.
„Како резултат на иницијативите на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ги Северна Македонија, Албанија, Бугарија и Италија, беше одлука на Европската комисија да го стави овој предлог на дневен ред пред Европскиот парламент и Советот на министри.
Со оваа одлука европскиот транспортен Коридор 8 како дел од Коридорот “Западен Балкан – Источен Медитеран“ ќе понуди дополнителна вредност и можности за повисок економски развој во регионот на Западен Балкан и Европската Унија, соопшти Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците“, г-дин Артан Груби.